lozanoska Модератори
Broj postova : 83 Join date : 20.02.2010
| Naslov: Димитар Андоновски sub vel 20, 2010 3:20 pm | |
| Димитар Андоновски живее во Битола (роден е на 6. септември 1985. година, во знакот на Девица), и уште од најмали денови прилично активно влезе во музичките води, пред се како ученик во нижо музичко училиште. Димитар, кој сега е четврта година во Средно музичко (отсек виолина) е прв од семејството Андоновски кој има намера музиката да биде неговата животна определба, особено што в година има намера да се запише на музичката академија во Скопје. Првото пејачко искуство, пак, Димитар го имаше во 1994. година на детскиот фестивал Си-До, каде ја отпеа, тогаш многу популарната Кога Ема би знаела, по што се појави и во телевизиската серија Здраво генијалци, и оттогаш, како што самиот вели, постојано е во музиката. Заради тоа што за караванот на М2 лани беше информиран со задоцнување, годинава, ништо не им остави на случајностите, туку, веднаш откако ја виде рекламата, се пријави на аудицијата во Битола. Димитар, инаку, е момче кое што модерно изгледа и се облекува, ги следи трендовите, иако, кога станува збор за музиката има широк дијапазон на интересите и слуша се – од класиката, до електрониката. И пред да стане дел од тимот финалисти, Димитар важеше за голем фан на М2 продукција, а истото го потврди со тоа што на полуфиналето ја отпеа Ми требаш како молитва на Игор Узунов. Сепак, кога би требало да се одлучи за некого од М2 кој врз него оставил најдобар впечаток, би ги издвоил Емил Арсов, Аднан и Елена Ристеска. Од македонската музичка сцена, несомнено би ги издвоил Тоше Проески, со кого, иако се немаат запознаено, учи во истото училиште, во кое што и Тоше некогаш одеше, како и сограѓанката Каролина Гочева. Иднината на Димитар, несомнено ќе биде врзана со музиката, без оглед што и да се случи на финалето закажано за 7. декември. Ако не како пејач, тогаш како виолинист. А, од светот на инструменталистите, неговите најголеми идоли се Шеринг и Давид Ојстрах, како и легендарниот Јехуди Мењухин... Дали Димитар Андоновски Ви Пее Убаво? | |
|