Општ македонски форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Добредојдовте не првиот општ македонски форум на кој можите да коментирате за се и сешто!! Ви посакувам многу забава и добар престој тука на овој форум
 
Početna stranicaLatest imagesPretraľnikRegistracijaLogin

 

 Ноне Неделковска

Go down 
Autor/icaPoruka
lozanoska
Модератори
Модератори
lozanoska


Broj postova : 83
Join date : 20.02.2010

Ноне Неделковска Empty
PostajNaslov: Ноне Неделковска   Ноне Неделковска Icon_minitimesub vel 20, 2010 3:45 pm

НОНЕ е родена на 28.09.1986 година во Велес - Република Македонија.
Својата пејачка кариера ја започнува уште како седумгодишно девојче на
најпрестижниот детски фестивал во Македонија - „Златно славејче".
Поширока афирмација доживува во 2005. година на интернационалниот
музички избор за „ИДОЛ“ каде во жестока конкуренција на нови пејачки
таленти од Србија, Црна Гора и Македонија, станува една од двете
финалистки, а за малку и победник. Веднаш потоа го потпишува својот прв
договор со една од најпрестижните македонски продуцентски куки -
„Премиер продукција“ и започнува професионално да се занимава со
музика. За многу кусо време станува еден од најпрепознатливите и
најпопуларни женски вокали во Македонија. Настапува на најреномираните
музички фестивали во земјата: „Охрид фест-Охридски трубадури 2005" -
каде ја добива првата награда од телевоутинг гласањето на публиката и
наградата од стручното жири за најдобар дебитант. На фестивалот
„Макфест 2005“ - победува во дебитантската вечер, исто како и следната
2006 година. Во 2006 година надвор од Македонија настапува на
престижниот фестивал на забавна музика - „Будва 2006“ (Црна Гора), како
и на фестивалот „Стари Град“ во Нови Пазар (Србија) каде го освојува
првото место и Гран-при наградата како апсолутен победник.
Во март
2006 година на дискографскиот пазар го издава својот дебитантски албум
- „Јас или таа“, кој за само една недела ке се продаде во фантастични
10.000 примероци за македонски услови.
Во месец мај 2007 година
договорот со својата продуцентска кука „Премиер продукција“ го
продолжува на уште две години, а веднаш потоа излегува и нејзиното ново
ЦД, вториот албум - „Исто како порано“, кој исто така за само една
недела повторно се распродава во завиден тираж од 7.000 примероци.
Годинава
повторно учествува на интернационалниот фестивал на забавна музика -
„Будва 2007“ во Црна Гора, а во месец август 2007 настапува на
меѓународниот фестивал „Еуропоп – Зеница 2007“ (Босна и Херцеговина)
каде на интернационалната вечер во конкуренција на 20 изведувачи од 17
европски земји станува апсолутен победник освојувајќи ја првата награда
од стручното жири составено од акредитираните новинари.
Во месец
октомври повторно учествува и на најпрестижниот македонски фестивал на
забавни песни „Макфест 2007“ каде што се пласира во финалето и има
исклучително забележителен настап.
Нејзините видео спотови се
вртат на најпрестижните музички сателитски ТВ канали:
македонско-австралиските ТАРБС и К-15 ТВ; МКТВ Сат и А1+ (Македонија),
Фен ТВ и Балканика (Бугарија), Балканмедија (Србија/ Црна Гора)... кои
се емитуваат на балканските простори, Европа и Австралија.Ноне Неделковска Cc9096f17c928340aa1716c581a5d61bНоне Неделковска IMG_7757_resize%20(Small)Ноне Неделковска 2144964Ноне Неделковска 24D5C9DFA8308940A4923618630E92FA
[Vrh] Go down
 
Ноне Неделковска
[Vrh] 
Stranica 1 / 1.

Permissions in this forum:Ne moľeą odgovarati na postove.
Општ македонски форум :: МултиМедиа :: Музика :: пејачи/ пејачки :: пејачки-
Forum(o)Bir: