lozanoska Модератори
Broj postova : 83 Join date : 20.02.2010
| Naslov: Rihanna Fenty sub vel 20, 2010 3:46 pm | |
| Робин Ријана Фенти (англиски: Robyn Rihanna Fenty) или само Ријана (родена на 20 февруари 1988 во Св. Мајкл, Барбадос) e американска пејачка. Ријана е најстарото дете на Роналд Фенти и Моника Фенти. Таа има двајца помали браќа, Рореј и Рајад. Ријана завршила основно училиште во Чарлс Ф. Брум меморијалното училиште, а потоа одела во едно од граматичките училишта во Барбадос, Комбермиер. Таму таа оформила музичко трио со две нејзини другарки од клас. Во 2004 таа ја освоила наградата за Мис убавина на Комбермиер и учествувала на шоуто на училиштето, пеејќи ја песната на Мараја Кери, “Hero”. На возраст од 15 години, таа ја добива нејзиниот шанса, кога една од нејзините другарки ја представила пред музичкиот продуцер, Еван Роџерс, кој бил на одмор во Барбадос со неговата сопруга. Роџерс, со неговиот партнер Карл Стjуrкен, помогнале на Ријана да снима материјал во САД, пратен на повеќе компании. Една од тие копии била пратена до Џеј-зи, кој потоа ја потишал со Def Jam Records. Ријана најголемите музички влијанија ги има од Алиша Киис, Бијонси Кновлс и Карибската позадина. Во едно интервју, Ријана кажа дека еден од нејзините пријатели и поранешен пејач во Def Jam record, Фиф Добсон, е еден од оние на кои таа се угледувала и му се восхитувала, тоа што има пејач кој ја пишува, пее и изведува музиката која таа навистина ја сака. Кога станува збор за облекувањето на Ријана, таа за брзо време стана репер на многу млади девојки ширум светот. Нејзиниот секси стил, и нејзиниот вкус за облекување, ја доведе на насловните страни на многу модни списанија. Минатата година таа одеше заедно со најдобрите топ модели од светот, на модните писти во Милано. Импресивната пејачка, нејзиниот изглед и убавина, нејзиниот талент за пеење го натера светот да ја обожува. Таа ќе продолжи да го дрма светот на музиката со нејзините песни и со нејзиниот изглед | |
|