Општ македонски форум
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Добредојдовте не првиот општ македонски форум на кој можите да коментирате за се и сешто!! Ви посакувам многу забава и добар престој тука на овој форум
 
Početna stranicaLatest imagesPretraľnikRegistracijaLogin

 

 Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов

Go down 
2 posters
Autor/icaPoruka
lozanoska
Модератори
Модератори
lozanoska


Broj postova : 83
Join date : 20.02.2010

Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов Empty
PostajNaslov: Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов   Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов Icon_minitimesub vel 20, 2010 3:58 pm

Дејството на серијата се случува во Загреб, а од епизода во епизода се откриваат судбините на две семејства, чии животи ги поврзува судбината. Семејството Новак е богато и привилегирано, додека семејството Лончар е семејство од средната класа, каде секоја куна е детално испланирана. Судбината ќе ги поврзе овие две семејства, а парите ќе бидат нивната најголема препрека. Победите и поразите ќе станат составен дел од нивното секојдневие, а лагата, тагата и тајната ќе ги спојуваат и разделуваат.

Серијата е снимена по лиценца на заедничката продукција на „РТЛ телевизија“ и „Фермантле медиа“, меѓународно познати продуцентски куќи, кои зад себе ги имаат продуцирано емисиите, „Американски Идол“, „Соседи“, „Голиот готвач Џејми Оливер“ и многу други проекти.

Серијата се прикажува и во Германија, Шведска, Русија, Грција и Унгарија, но со нивни актерски екипи. Иако дејството е слично, тоа е прилагодено според менталитетот на земјата во која се прикажува.

Во хрватската верзија на „Забранета љубов“ учествуваше тим од 150 луѓе, од кои 15 сценаристи, 4 режисери, 18 актери и многубројни гости кои епизодно се појавуваат. Снимањето започна на 9 август 2004-та година, а до крајот на јуни 2005-та се реализирани 350 епизоди.

Во зависност на рејтингот на гледаност, серијата во некои земји ја достигна и десеттата сезона на емитување.
Серијата се снимала во посебно изградени студија во Загреб, а 20% од сцените се снимаат ширум Загреб на најпознатите локации, како што е плоштадот на Банот Јелачиќ, а специјално за одредени сцени биле изнајмени и куќи на најбогатите загрепчани.

За улогите била распишана аудиција во која се барале млади личности од 17 до 22 години, но повеќето пријавени сеуште студирале на Академијата и немале никаков актерски стаж зад себе. Единствената позната актерка е Миа Беговиќ, сестрата на починатата актерка Ена Беговиќ, која епизодно ќе ја видиме во улогата на Барбара.

Главните ликови од семејството Новак се:

Каролина Новак, чија животна судбина ја одбележува трагедија. Како студентка работи како фото модел на Лидија Бауер, но нивното пријателство го уништува Стјепан Новак, момчето на Лидија. Стјепан се жени со Каролина, но нивниот брак се распаѓа кога таа, враќајќи се од море со децата Борно и Томислав има сообраќајна несреќа, од која успева да го спаси само синот Борно. Бега во Австрија каде стапува во контакт со мафијата и од неа добива пари за својата козметичка компанија. По неколку години, се враќа во Загреб, каде открива дека Стјепан е преженет и решава повторно да го освои.

Борнa Новак е преживеаниот син на Каролина и Стјепан кој во животот постојано има проблеми со татко му, а враќањето на мајка му во Загреб, дополнително ќе му го измени животот. Неговата врска со Ана Фијан, не ја одобрува татко му, бидејќи Ана е ќерка на неговиот лут ривал Златко. Нападот е негова најдобра одбрана, а богатството и мотив да напредува и да му докаже на татко му дека може и сам да го води бизнисот.

Викторија Новак е втората сопруга на Стјепан, која влегува во неговиот живот по трагедијата, но успешниот и среќен брак ќе го уништи Каролина, која едноставно ќе ја избрка Викторија од животот на Стјепан.

Стјепан Новак е човекот на кого трагедијата со синот Томислав сосема ќе му го измени животот. Верува дека Каролина е мртва, а Викторија е жената која му помага да се врати во нормален живот. Но, вистинскиот кошмар доаѓа кога открива дека Каролина е во Загреб и е виновна за распаѓањето на неговиот брак со Викторија. Синот Бруно со својата своеглавост ќе му задава проблеми, особено кога ќе му ја претстави девојката Ана.

Семејството Лончар го сочинуваат Јосип и Бисерка Лончар и нивните деца Ива и Матија.

Моминско презиме на Бисерка е Фијан, а нејзиниот брат Златко ќе стане лут ривал на Стјепан Новак. Бисерка го запознава Јосип Лончар додека работи како медицинска сестра и го прифаќа неговиот син Даниел како свој, а во бракот им се раѓаат ќерката Ива и синот Матија. Но, Бисерка открива дека нејзиниот идиличен брак крие и една тајна. Јосип никогаш не ја преболел најголемата љубов Викторија и кога и признава на сопругата дека сеуште ја сака, таа го исфрла од станот. Во нејзиниот живот ќе влезе докторот Горан Вучиќ со кој таа ќе се зближи, но откако ќе го искористи да и помогне на ќерката Ива, тој засекогаш ја напушта.

Јосип Лончар е емоционално нестабилен човек, недораснат за улогата на татко и човек кој не умее да се справи со животните ситуации и подлегнува на емоциите. Бисерка е неговата љубов, се додека во Загреб не се врати Викторија и поради неа си го уништува среќниот брак со Бисерка. Нема увид во животот на неговите три деца и често предоцна дознава дека нешто се случува со нив.

Ива Лончар е ќерка на Бисерка и Јосип, на која животот ќе и донесе и среќа и страдање. Вљубена во момчето Игор Царевиќ, тешко ќе се помири со неговото криминално минато, особено откако тој ќе биде уапсен поради напад и држење на заложници, па лажно ќе сведочи за да му помогне. Но, тоа не го спасува од затвор, па таа го напушта и се вљубува во Саша Бориќ. Нивната врска ќе ја прекине излегувањето на Игор од затвор и една ноќ со него на Ива ќе и го смени животот. Таа останува бремена, но не знае од кого е детето, а мајка и Бисерка ќе и помогне да направи ДНК анализа, која покажува дека бебето Дора е ќерка на Игор.

Матија Лончар е синот на Бисерка и Јосип кого проблемите на родителите и сестра му не го интересираат, туку само девојките, кои ги менува како чорапи. Не верува во љубов, туку во врска за една ноќ. Овој збунет тинејџер, своите сексуални врски ги правда со мотото: Жените за мене се мистерија што треба да ја откријам.

Игор Царевиќ е момчето на Ива и таткото на Дора. Неправедно обвинет за убиство, одлежува в затвор, но и по излегувањето, сите во него гледаат криминалец. Кога дознава дека има ќерка, знае дека со своето криминално досие нема да добие старателство, но ќе се погрижи да го уништи бракот на Ива и Саша.Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов Zabraneta-ljubov200x150
[Vrh] Go down
Hyuuga.Hinata
Admin
Hyuuga.Hinata


Broj postova : 85
Join date : 04.02.2010
Age : 28
Lokacija : Битола

Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов Empty
PostajNaslov: Re: Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов   Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов Icon_minitimened vel 21, 2010 12:16 am

овај го гледав го гледав и не го догледав. многу долг чоек.
[Vrh] Go down
https://opstforum.forumcroatian.com
 
Zabranjena Ljubav / Забранета Љубов
[Vrh] 
Stranica 1 / 1.
 Similar topics
-
» Мојата прва љубов

Permissions in this forum:Ne moľeą odgovarati na postove.
Општ македонски форум :: МултиМедиа :: Филмови :: сериски филмови :: општо-
Forum(o)Bir: