lozanoska Модератори
Broj postova : 83 Join date : 20.02.2010
| Naslov: Sortilegio / Магија sub vel 20, 2010 4:00 pm | |
| Sortilegio - Магија Период на емитување: 1 јуни 2009 - 16 октомври 2009 Број на епизоди: 95 Земја на потекло: Мексико Синопсис: Антонио Ломбардо, успешен бизнисмен ненамерно се заљубува во Викторија, жената на неговиот најдобар пријател, Самуел. Од тој однос се родиле Бруно и Ракер, но Антонио не успева да ги запознае поради тоа што Самуел заминува со Викторија за Европа уште пред да се родат децата. Неколку години подоцна, Антонио и Викторија се среќаваат повторно, и овој пат двајцата сакаат да стапат во брак и заедно да живеат покрај Бруно, Ракел и Алекс, син на Антонио од својата почината сопруга, Адријана. Децата растат без да ја знаат вистината за нивниот биолошки татко. Бруно апсолутно го одбива Алекс, сметајќи го премногу агресивен и примитивен, па нивниот однос и не е баш најдобар. Антонио, разочаран од бунтовните и неодговорните ставови на Бруно и Ракел, за свој единствен наследник го именува Алекс. Откако го прави тоа тој ѝ ја сооштува веста на Викторија, па тие двајца влегуваат во остра кавга. Изненадно, Антонио умира, па Алекс е оставен сам да се грижи за фамилијата Ломбардо и да ја поднесува омразата која демнее врз него. Бруно запознава убава и едноставна девојка од провинцијата, Марија Хосе, и ѝ нуди брак само поради тоа што сака да го уништи Алекс, и се претставува во негово име. Откако по несреќата која тој му ја намести, Алекс го именуваат за мртов, кој всушност е ранет, вистината излегува на виделина кога Алекс се појавува жив и ги изненадува сите особено Бруно. Неговата вдовица, сега мора да се справи со фактот дека нејзиниот маж е повторно жив и дека не се сеќава дека бил женет пред да доживее несреќа. Но, по игра на случајност, Алекс кој е изненаден од фактот дека е венчан и дека има сопруга, доживува неверојатна љубовна магија кон својата “нова” сопруга. Но, љубовта на двајцата ќе биде следена од злобните игри на негативците Бруно и Маура, чија единствена цел е да им ги уништат животите и да ја уништат нивната магија | |
|
Hyuuga.Hinata Admin
Broj postova : 85 Join date : 04.02.2010 Age : 28 Lokacija : Битола
| Naslov: Re: Sortilegio / Магија ned vel 21, 2010 12:14 am | |
| а овај има играно кај нас? | |
|