lozanoska Модератори
Broj postova : 83 Join date : 20.02.2010
| Naslov: Ѓумуш/Gumus sub vel 20, 2010 4:05 pm | |
| Четврток петок и сабота во 20 часот на програмата на Сител се емитува хит серијата Ѓумуш во 125 епизоди. Ова е приказна за Инџи (правилното име и е Ѓумуш) која е сиромашна убава девојка, чии родители загинале во пожар и сега Инџи живее во мало гратче со својата баба Сафие со која е многу поврзана и која е нејзина поткрепа и сила. Нејзиниот мирен и спокоен живот се менува откако е одбрана за снаа од богатото и угледно турско семејство Шадоолу, сопственици на позната дизајнерска компанија водена од мажите на фамилијата. Инџи од малечка била вљубена во Мехмет Шандоолу и сега е пресреќна што токму таа е одбрана за жена на Мехмет. Но, таа не знае колку со тој брак ќе и се смени животот. Мехмет бил порано многу вљубен во неговата жена Нихан која очекувала дете од него, но таа загинала во сообраќајна несреќа. Скршен од тага и болка поради смртта на саканата, Мехмет се одддава на пијанство. боемски живот и целосно се дестабилизира како личност. За да го врати во нормален живот, главата на семејството, стариот дедо Мехмет Фикри Шандоолу му договара брак со убавата Инџи и како што се муслиманските обичаи, таа одлука е неотповиклива. Семејството Шадоолу крие многу тајни и изобилува со разни карактери чии суднини се предодредени од религијата. Откако убавата Инџи (Гумуш) влегува во тоа семејство, сфаќа дека влегла во опасен и љубоморен свет на луѓе кои не ја сакаат. На изненадување на сите, херојот на приказната, Ѓумуш станува важен дел од бизнисот на фамилијата, издигнувајќи се како квалитетна и врвна модна дизајнерка. | |
|
Hyuuga.Hinata Admin
Broj postova : 85 Join date : 04.02.2010 Age : 28 Lokacija : Битола
| Naslov: Re: Ѓумуш/Gumus ned vel 21, 2010 12:11 am | |
| не го гледам, но велат дека бил убав. | |
|